(Видео) Најстариот ресторан во светот кој работи речиси 300 години

232

Ресторанот Ботин во Мадрид, Шпанија, е основан 1725 година, a Гинисовата книга на рекорди го призна како најстар ресторан во светот којшто сѐ уште работи.

Eдна од најуникатните одлики на оваа гостилница е печката, којашто работи постојано, дури 298 години.

„Тоа е нашиот скапоцен камен на круната“, вели Луис Хавиер Санчес кој работи во ресторанот повеќе од 45 години. „Никогаш не ја исклучуваме. Таа мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучиме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатно’, објаснува Санчес.

Неверојатно е колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Санчес ја опишува и винската визба како „историја која дише“,

Но, храната е она што мора „да го има вкусот на традицијата“, при што секој готвач учи од претходникот, а потоа рецептите ги пренесува на следната генерација.

„Нашите рецепти се многу стари, од времето кога нашите прадедовци го основаа ресторанот. И, оттогаш останавме верни на тие рецепти“, објаснува гордо Санчес

Ресторанот воопшто не е „заглавен“ во минатото, има интернет страница, како и профили на социјалните мрежи.