По 20 години изградба, завршена е конструкцијата на James Webb Space Telescope, кој ја презема титулата на најголем телескоп. Телескопот ќе биде лансиран во вселената следната година во октомври, на 1,5 милиони километри од Земјата.
Моментално најмоќниот телескоп во орбитата околу Земјата е Hubble, кој е лансиран во 1990 година.
Hubble има дијаметар од 2,4 метри, а површината е 4,5 метри квадратни. Во споредба со него, James Webb Space Telescope има 6,5 метри дијаметар и површина од 25 метри квадратни. Телескопот што го создадоа NASA, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција ќе може да продре многу подалеку во вселената.
Целиот проект чини девет милијарди долари.