Видео: Погледнете колку се променила Земјата од 1984 година до сега

20

timelapse

Доколку сакате да видите како се менувала планетата од 1984 година до сега и како влијаат климатските промени, тимот кој стои зад Google Earth во рамки на сервисот Timelapse објави дека се ажурирани нови податоци од последните четири години.

Овој сервис беше претставен во 2013 година и овозможуваше сателитски снимки од 1984 до 2012 година. Сега од Google ја ажурираа алатката со фотографии до 2016 година, преку податоци од два нови сателити што овозможуваат преглед  како се менувал одреден град, држава, континент, во последните четири години.

Google пребарува податоци од над пет милиони сателитски снимки за да креира сет од 33 фотографии од целата планета кои се менуваат со текот на времето.