Видови на овошје и зеленчук кои имаат најмногу пестициди

185

Неодамнешниот извештај на Работната група за животна средина (EWG) покажа дека дури 75% од неорганските примероци на свежо овошје и зеленчук во 2024 година содржеле пестициди, а некои од нив имале особено високи нивоа.

Новите податоци се дел од годишниот извештај за пестициди во производите што EWG го објавува како водич за потрошувачите. Годинава, извештајот е заснован на тестови на повеќе од 47.000 примероци од 46 различни овошја и зеленчуци спроведени од Министерството за земјоделство и Американската агенција за храна и лекови, пишува Клик.хр.

EWG ги искористи овие податоци за да состави листа на овошје и зеленчук со највисоки нивоа на потенцијално штетни пестициди, познати како „Валкана дузина“. Оваа листа вклучува јагоди, спанаќ, кељ, блитва, грозје, праски, круши, нектарини, јаболка, лути пиперки, цреши, боровинки и боранија.

Во примероците од овошјето и зеленчукот се откриени вкупно 209 пестициди, а најголема разновидност на пестициди има кај кељот, блитвата, како и пиперките и лутите пиперки.