Стратегијата на Виена за туризам до 2025 година опфаќа зајакнување на градот како конгресна дестинација. Првата фаза во спроведувањето на овој стратешки потфат е претставување на новиот виенски бренд Meeting Destination Vienna којшто е поддржан од туристичката заедница WienTourismus.
Конгресната индустрија е еден од водечките сегменти на туризмот во Виена. Според истражувањата учесниците на конференцијата во австриската престолнина трошат околу 540 евра на ден, што е двојно повеќе од трошењето на просечниот турист.
Само во 2018 година во овој град беа организирани 4.685 конгреси и состаноци, што резултираше со 1,9 милиони ноќевања во вредност од повеќе од една милијарда евра.Градот нуди разновидна конференциска инфраструктура – од современи конгресни центри до барокни палати, добар јавен превоз и голема безбедност.
Фото: Pexels