Виена Иншуренс Груп ја презеде Кјуби Македонија АД

91

_Upload__Vesti_kjubi_2013228101518Виена Иншуренс Груп АГ (Wiener Versicherung Gruppe) ја презеде Кјуби Македонија АД Скопје и се стекна со 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635% од вкупниот број на акции со право на глас, издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје.

Решението со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, дадена од Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе, Република Австрија го донесе Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија На вчерашната седница на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија

Понудата за откуп, информираат од КХВ, ја прифатиле 384 иматели на вкупно 585.679 обични акции на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија кој продаде 45 обични акции и 80.817 приоритетни акции.

Со тоа е исполнет условот за успешност на понудата, односно да биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 73,51% од обичните акции со право на глас. Австрискиот инвеститор ги откупи хартиите од вредност по цена од 2001,22 денари по акција.