Виена помалку блеска за овој Божиќ: Планирани заштеди од 45 отсто

111
Weihnachtsmarkt, Rathausplatz / Christmas market, Rathausplatz

Денеска започнува божиќното осветлување во Виена, кое ќе опфати 30 улици и трговски области и ќе треба да ги земе предвид високите цени на струјата и недостигот на енергија.

Во 2021 година осветлувањето работеше 660 часа, а годинава ќе се намали на 364 часа, со што ќе се обезбеди заштеда од 45 проценти. За да се постигне заштеда, времето на осветлување ќе се скрати на периодот од 18 ноември до 8 јануари. Наместо до полноќ, светлата ќе се палат од 15 до 22 часот секој ден.

Пред десет години, Виена постепено почна да се префрла на LED божиќно осветлување, па денес најголемиот дел од осветлувањето е опремено со LED светилки. Нивната вкупна потрошувачка е 49.000 киловат часови, што одговара на годишната потрошувачка на 14 домаќинства со четири члена.

– Празничното осветлување е важен дел од божиќната атмосфера во нашиот град. Ова дава значаен придонес за големиот успех на Виена како божиќен град. Оваа година ни требаат позитивните вибрации кои се појавуваат веднаш штом ќе се запалат градските светла. Потрошувачката на електрична енергија ќе се намали преку употреба на ЛЕД светилки и скратено време на осветлување – изјави Маргарет Гампрехт од Стопанската комора на Виена.