Виетнам: Библиотека со аквапоничен систем каде се одгледуваат растенија и риби

137

Фото: Farming Architects

VAC Library е необична библиотека за деца на отворено, којашто се состои од дрвени огради, простор за седење и учење. Дело е на архитектонското студио Farming Architects, а ја користи сончевата енергија за својот аквапоничен систем во којшто се одгледуваат растенија, риби од сортата koi carp и кокошки, пишува Dezeen.

Лоцирана е во Ханои, Виетнам, a наменета е да ги едуцира децата како функционираат самоодржливите екосистеми. Koi carp рибите пливаат во мала бара поврзана за структурата преку серии на бетонски камења, а на задниот дел се наоѓаат неколку кафези за кокошки.

Овие птици, исто така, придонесуваат за минијатурниот екосистем на библиотеката, даваат јајца, но и ѓубриво за зеленчукот. Аквапоничните системи го комбинираат одгледување на риби и растенија во еден цикличен систем, каде што се користи отпадната вода како храна за растенијата, коишто пак ја чистат истата во аквариумите за риби.

Самата дрвена структура со сончеви панели е модуларна, што значи дека може да се адаптира во урбани средини.