Винарија „Стоби” освои 10 медали на „Wine Vision” во Белград

9

Десет медали меѓу кои една платинеста, по четири златни и сребрени како и една бронзена освоија вината на „Стоби” од Македонија на првиот саем “Wine Vision” во рамките на натпреварот „Open Balkan Wine Trophy” како дел од иницијативата „Отворен Балкан” што се одржа од 1-ви до 4-ти септември во Белград, Србија.

– Горди сме на 10-те медали кои ги освоивме како винарија со докажано светско реноме. Би сакале да ги истакнеме сите медали а тоа се платинест медал на нашето вино Veritas 2016 Private Reserve, златен добија црвените вина Vranec Selection 2020, Cuvee Red Macedon 2019, Stobi Cuvee Red, Selection 2019 и  Antigona Rose 2021. Сребрениот медал го освоија Chardonnay Selection 2020, Antigona White 2021, Veritas 2017 Private Reserve, Rose Macedon 2021 додека пак бронзата Stobi Cuvee White Selection 2020. Саемот за нас како винарија и земја беше одлична можност на Балканот да се претставиме, а воедно да ги зајакнеме и сплотиме бизнис релациите во винскиот сектор. Нашето портфолио на вина е богато со врвен квалитет, а линиите Private Reserve, Macedon, Selection, Classic, ги извезуваме во Европa, САД и Кина. Очекуваме овој саем да стане традиција на кој во иднина би дошле винарии од целиот свет, велат од винаријата „Стоби”.

Во жирито имаше 25 вински судии, на чело со познатата Керолин Гилби, беа отворени 2.400 шишиња со вино, измиени повеќе од 2.000 чаши, а се оценуваше според системот на судиски панели и стандарди кои важат за сите светски оценки.

– Сведоци сме на револуција во производството на вино, подобро разбирање на тероарот, појава на избалансирани вина, а винарите препознаваат нова доверба во создавањето вистински квалитетни вина – заклучи Керолајн Гилби, претседателка на жирито – master of wine на „Open Balkan Wine Trophy”.

Винаријата „Стоби” годишно произведува 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои само 24 отсто се пласираат на домашен пазар, а дури 76 проценти се наменети за извоз на 18 пазари од регионот и светот. Најголеми извозни пазари се Кина и Сад, но значителна продажба остваруваат и во европски држави Британија, Холандија, Данска, Белгија и земјите од регионот.