Винер осигурување со раст на премијата и на профитот

64

winer osiguruvanje

Осигурителната компанија Винер во првиот квартал оствари зголемување на полисираната премија за 13% и раст на профитот за 96%, соопштуваат од компанијата.

Оттаму велат дека со понудените пакети со најголем опфат на ризици за фер цени обезбедиле поголема вредност за клиентите.

Винер продолжува со програмата Кариера во Винер, односно со активна регрутација на талентирани млади луѓе, но и искусни професионалци од струката, со цел да создаде уште помоќен тим кој успешно ќе ја следи и спроведува деловната филозофија на компанијата во чиј центар е супериорната услуга на клиентите.

Групацијата ВИГ, чија членка е Винер, за првите три месеци од 2014 остварила премија од 2,7 милијарди евра, што претставува зголемување во однос на минатата година за 1% и профит од 152 милиони евра.