Триесет милиони денари раст на премијата и 90% поголем профит во првите шест месеци од годината евидентираше осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп.
Од компанијата велат дека успеале да остварат одличен резултат и покрај големиот број штети исплатени во периодот на временски непогоди, како и штетни настани со предизвикана голема материјална штета. Сето ова се должи на супериорното реосигурување кое обезбедува сигурна иднина и кое е гаранција за сите клиенти на компанијата дека секогаш ќе бидат соодветно и експресно обесштетени, без оглед на обемот на штетата.
“Со динамичната обработка и исплата на штетите по природните непогоди од кои беа засегнати многу луѓе, нивните домови, автомобили, посеви, нивното здравје, покажавме дека ако секоја полиса е ветување, полисата во Винер Осигурување е остварено ветување. Супериорното осигурување оценето со рејтинг А+ е гаранција за сите наши клиенти дека ќе бидат обештетени без оглед на обемот на настанатите штети и во случај на најголеми непогоди“, изјави генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов.
Од Винер велат дека продолжуваат со пакетите приспосоени на потребите и можностите на граѓаните.