Viti Rover: Соларната енергија и технологијата во корист на земјоделството

87

vitirover

На приватен имот во францускиот град Бордо е конструиран робот, што служи за подобро одржување на лозја. Енергијата на овој уред се произведува на еколошки начин, преку соларен панел.

vitirover 1

Viti Rover го претставува спојот на најсовремената технологија и еколошки решенија во корист на земјоделското производство. Неговата првична намена е да ја коси тревата меѓу лозите. Еден од креаторите на овој уред дошол на идеја да конструира косилка што нема да користи гориво, туку ќе се напојува од сончевата енергија.

vitirover 3

Роботот може да се контролира преку паметен телефон, а се движи со помош на вградениот GPS систем, така што Viti Rover не може да излезе надвор од имотот на сопственикот.