Вива со првите Дизни апликации на сокови во регионот

58

0e68ac1d-d32d-434f-a589-27a1b60d8a85Малите Вива сокчињата добиваат Дини и Марвел ликови на пакувањето, па така, од сега ќе може да купите Спајдермен, принцези, автомобили или Мики Маус сокче.

Македонската компанија Вивакс, чии што продукти се соковите Вива, е првата која на Балканот почна да произведува сокови со етикети официјално лиценцирани од глобалната марка Дизни. Претпријатието со 20-годишно искуство на пазарот создаде четири нови вкусови специјално дизајнирани со дел од цртаните ликови на Дизни и Марвел.

Дел од семејството на Вива сега е и сокот спакуван како Мики и Мини, којшто е нектар од јаболко збогатен со витамин Ц и со калциум. Вива во ликот на Спајдермен е 100% сок од јаболко, а пакувањето со ликот на Принцезата е богат мултивитамински овошен сок со 10 витамини. Со таков мултивитамински производ е исполнет и сокот на чија што амбалажа се наоѓаат ликовите од анимираниот хит Автомобили.

“Вива е компанија која што уште од првиот ден кога почна со работа во своите планови посебно место отстапува за најбезгрижните, најмалите и највеселите – за децата. Мислејќи токму на нив се одлучивме на чекор што веруваме дека уште повеќе ќе ги израдува, а тој опфаќа четири сосема нови вкусови специјални дизајнирани и спакувани како ликовите што се дел од огромното семејство на филмското студио Дизни”, вели Тања Атанасова, маркетинг-менаџер на Вива.

Со производството на овие нови четири сокови Вива станува првата македонска компанија што отпочнува ваков тип официјален аранжман и соработка со Дизни и Марвел. Критериумите за овој вид поврзување со брендот од САД се исклучително комплексни.

Соковите се најдоа на полиците во продавниците во земјава, но и во регионот, во Црна Гора, Косово и во Албанија.