На овогодишното Венециско биенале во Италија, Севернокорејскиот павиљон имаше неверојатна изложба наречена Комисии за Утопија (Commissions for Utopia).
Врвните архитекти што се анонимуси и никогаш не ја напуштиле земјата, имаа задача да создадат визија за Северна Кореја што ќе ја поттикне туристичката индустрија. Нивните крајни производи се неверојатни и покажуваат футуристички мостови, алтернативни енергетски системи вклучувајќи соларна енергија и турбини на ветер, како и станбени комплекси во форма на конуси.
Проектот, што започна во 2011 година, го координира Ник Бонер, коосновач на Koryo Tours – компанија со седиште во Пекинг што повеќе од две децении на посетителите им ги покажува атракциите, филмовите, културните знаменитости и архитектурата на затвореното кралство.
Изложбата на Венециското биенале можеби изгледа фасцинантна, но архитектите немаат фундаментално разбирање на материјалите, алатите и технологијата што е потребна за да се изградат тие. Бонер и неговиот тим понекогаш им носат книги и магазини за архитектура, за да можат архитектите да добијат идеја што се случува во надворешниот свет, објави Business Insider.
Комисии за Утопија е мешавина од ретро дизајн со сегашните сознанија на оддржливите енергетски системи и транспорт што моментално се на светската сцена. Но, проблемот е што овие архитекти се заглавени помеѓу минатото и сегашноста, без вистинско разбирање како да стигнат до иднината.
Погледнете како архитектите ја замислуваат иднината на Северна Кореја за 70 години: