
Како што најавуваат градските власти на Венеција, таксата за влез во градот треба да се зголеми од пет на десет евра. Микеле Зуин, финансискиот функционер во градот, истакна дека пробниот период на наплата, кој овој град го воведе како прв во светот, е при крај.
Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да го намали метежот за време на шпицот на туристичката сезона и за време на празниците.
Покрај воведувањето влезна такса, градот исто така забрани влез на големи бродови за крстарење во венецијанската лагуна и најави нови ограничувања за големината на туристичките групи, пренесува Данас, повикувајќи се на РТЦГ.
Посетите на Венеција сè уште се рекордно високи, со околу 20 милиони луѓе што го посетуваат градот годишно.
Венеција едвај избегна да биде ставена на листата на УНЕСКО на Светско наследство во опасност минатата година, делумно затоа што телото на ОН ги препозна напорите на градот да го спречи деликатниот екосистем на Венеција да биде обземен од масовен туризам.
Едномесечниот пробен период на влезните такси на градот му донесе повеќе од два милиони евра.












