Во 2023 година Европската унија (ЕУ) произвела 1.496 милијарди литри пенливо вино, што е пад од осум отсто во споредба со годината пред тоа кога беа произведени 1.624 милијарди литри, објави Европската статистичка служба – Евростат.
Водечки производители беа Италија со 638 милиони произведени литри, Франција со 312 милиони и Германија со 263 милиони. Потоа следи Шпанија со 206 милиони и далеку зад Португалија со 25 милиони литри.
Минатата година ЕУ извезла 600 милиони литри пенливо вино, што е исто така пад од осум отсто на 649 милиони во 2022 година. И покрај овој пад, нивото на извозот се задржа над она што беше забележано во претходните години. На пример, 495 милиони литри се извезени во 2020 година, а 528 милиони во 2019 година.
Извоз на пенливи вина од ЕУ во 2023 година, Извор: Евростат
Во истиот период земјите од ЕУ увезле само пет милиони литри пенливо вино од трети земји, што е помалку од еден процент од вкупниот извоз.