Во август ни биле потребни 33.538 денари за минимални потреби

21

Минималната синдикална кошница во август изнесуваше 33.538 денари, што требало да ги покријат трошоците на едно просечно домаќинство за храна, пијалаци, домување, хигиена, превоз, облека.

Најголем дел од синдикалната кошница, што ја подготвува Сојузот на синдикати на Македонија, отпаѓа на храна и пијалаци (14.022 денари или 41,81%). Со 32% учествуваат трошоците за домување или 10.780 денари, додека за превоз минатиот месец се потрошиле околу 2.466 денари, за хигиена 2.366 денари, а за облека и обувки 2.118 денари.

Просечната исплатена нето плата во јуни изнесува 26.867 денари, од којашто најголем дел или над 53% отпаѓаат на храна и пијалаци, скоро 39% на домување, 30% на комунални трошоци… Во август, трошоците за одржување на здравјето биле 2,64%, што се најниски трошоци од сите вкупно.

Фото: Freepik