Во Букурешт отворено првото кино за виртуелна реалност

44

kino

Фото: Pixabay

Во Букурешт е отворено првото кино за виртуелна реалност и се наоѓа во трговскиот центар Veranda Mall. За да се отвори VR Cinema во романскиот главен град инвестирани се 150.000 евра, а има капацитет од 15 лица. Во него се прикажуваат 30 минутни VR продукции коишто се групирани во четири категории: документарни филмови, комедии, патувања и научна фантастика. Во своето портфолио засега има 17 филмови, а билетите чинат 5,5 евра, пишува Romania Insider.

Во наредните години се очекува виртуелната реалност да донесе големи промени во општеството. VR ќе може да се користи за образовни цели, нудејќи им на учениците можност да учат побрзо и интерактивно.

“Замислете лекција по географија каде учениците можат да одат по мразот на Антарктикот додека учат за него“, вели основачот на VR Cinemа, Дебора Чен.