Во четвртиот квартал лани повисоки трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на квартално ниво

Во четвртиот квартал во однос на третиот квартал минатата година  трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 0,7 проценти, трошоците за материјали се намалени за 0,3 проценти, а трошоците за вработените се зголемени за 3 проценти, објави  Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9 проценти, трошоците за материјали за 8,6 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти.