Во Чиле се гради најголемиот оптички телескоп

61

teleskop

Фото: Eso.org (European southern observatory)

Во Чиле започна изградбата на најголемиот оптички и инфрацрвен телескоп наречен Extremely Large Telescope (ELT). Овој телескоп ќе има за цел да истражува непознати објекти во вселената за да се зголеми развојот на науката и технологијата. ELT е дело на Европската јужна опсерваторија (ESO) и ќе биде поставен на висина од 3.000 метри во пустината Атакама.

Телескопот тежи 5.000 тони од кои 3.000 тони се подвижни делови, а најголемото огледало ќе биде со дијаметар од 39 метри, пишува NewAtlas.

“ELT ќе произведува откритија кои ние едноставно не можеме да ги замислиме и тоа сигурно ќе инспирира многу луѓе од целиот свет да размислуваат за науката, технологијата и нашето место во универзумот“, вели директорот на ESO, Тим де Зеув.

Со него ќе се истражува потеклото на првите ѕвезди и галаксии, црни дупки, природата на темната енергија и ќе бара планети слични на Земјата. Телескопот треба да биде завршен до 2024 година.