Во Дубаи изградена највисока зграда со 3D печатач

Градежната компанија Apis Cor користејќи ја современата технологија ја изгради најголемата деловна зграда во Дубаи со помош на 3D печатач.

Со висина од 9,5 метри и површина од 640 метри квадратни, Apis Cor тврди дека тоа е најголемата зграда изградена со 3D техника.

Apis Cor разви материјал на база на гипс којшто поминува низ посебен 3D печатач.

Печатењето се одвивало на отворено за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко опкружување, без контрола на влажноста и температурата.

Зградата е поставена на конвенционални темели, а 3D печатениот материјал е зацврстен со бетон и арматура. За подовите се користени  претходно испечатени плочи, а конвенционални прозорци и покрив се додадени откако се кренати ѕидовите, пишува Dezeen.

Во 2020 година, оваа компанија планира да ја употреби својата машина за 3D печатење за изградба на куќи во американските држави Флорида, Луизијана и Калифорнија.

Фото: Apis Cor