
Во Европската Унија, помеѓу првиот и вториот квартал од оваа година, 3,1 милиони невработени лица на возраст од 15 до 74 години нашле работа, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека тоа е 23,8% од сите невработени во првиот квартал.
Во овој период, околу 6,8 милиони луѓе (51,9 проценти) останале невработени, а 3,2 милиони невработени (24,3 проценти) се откажале од работната сила.