Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти

63

Во земјите од Европската унија, употребата на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и започнувањето вонредни мерки за сузбивање на енергетската криза, соопшти  Евростат.

Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август до јануари во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците на Евростат објавени од Ројтерс.

Русија, како најголем снабдувач на ЕУ со гас, го прекина најголемиот дел од своите испораки по почетокот на војната во Украина минатата година, што доведе до енергетска криза во Европа, намалени испораки и рекордно високи цени.