Во ЕУ, во просек има 0,55 патнички автомобили по жител

Во Европската Унија, во 2023 година имало просечно 0,55 патнички автомобили по жител, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на претходната година, објави денес Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во споменатиот период, првите три региони со највисока стапка на моторизација биле во Италија.

Според овој критериум, првата област е Вале д’Аоста со 2.295 патнички автомобили на 1.000 жители, по што следат покраините Автонома ди Тренто со 1.521 автомобил и Автонома ди Болцано (1.010 автомобили).