Во Европа ќе се гради највисокиот дрвен станбен облакодер на светот (ФОТО)

100

Винтертур секако не е меѓу најпознатите градови во Швајцарија: нема поглед на Женевското Езеро, културната моќ на Базел, финансиското влијание на Цирих или средновековната архитектура на Луцерн, но …

Градот некогаш бил познат по својата индустриска моќ, но денес е претежно центар за студенти и производство на висока технологија. Тој наскоро би можел да добие сериозно глобално признание.

За неколку години во него ќе биде сместен највисокиот дрвен облакодер на светот.

Зградата наречена Rocket & Tigeli треба да биде висока 100 метри, што значи дека ќе ја надмине сегашната највисока дрвена кула – норвешката Mjøstårnet, за цели 14,6 метри.

Дизајнот ќе понуди модерно висококвалитетно живеење со максимален доток на дневна светлина, според дизајнерската данска компанија „Schmidt Hammer Lassen Architects“ (SHL).

Фасадата ќе биде прекриена со темноцрвени и жолти теракота цигли во комбинација со прашинозеленикави детали, во склад со црвените покриви и жолти цигли на постарите згради во околината.

„Му пристапуваме на проектот со големо чувство на понизност. Тоа е голем проект кој ќе има значително влијание врз заедницата, во општеството и во естетска смисла“, изјави Кристијан Алмарк, партнер и директор во SHL.