Во Германија гасот поевтини, поскапе струјата

40

Цените на гасот во Германија паднаа. Домаќинствата во моментов во просек плаќаат помалку отколку во четвртиот квартал од минатата година, објави Здружението за енергетика и водостопанство (БДЕВ).

Домаќинствата кои користат 20.000 киловат часови годишно – сега плаќаат во просек по 18,15 евроценти за киловат час. Во последниот квартал од 2022 година, просечната цена беше 20,04 центи.

Домаќинствата во станбени згради со годишна потрошувачка од 80.000 киловат часови плаќаат 17,72 центи за киловат час. Во четвртиот квартал од минатата година платиле 19,81 центи.

Според податоците на Федералната агенција за мрежа, домаќинствата плаќале во просек по 6,34 центи за киловат час за гас во 2019 година.

Во големопродажбата на гас, БДЕВ предвидува „долгорочно олеснување на цените“ во наредните месеци, како и во наредната година.

„Цените, сепак, сè уште се околу четири пати повисоки од долгорочниот просек пред првото поскапување на енергенсите во 2021 година“, се наведува во соопштението.

Во случајот со струјата е обратно, бидејќи според Здружението за енергетика и водостопанство, струјата повторно поскапела за домаќинствата. Додека просечната цена во четвртиот квартал од 2022 година беше 40,07 центи за киловат час, во јануари таа се искачи на 48,12 центи.

Според податоците на Агенцијата за мрежа, домаќинствата во 2019 година плаќале во просек по 30,85 центи за киловат час електрична енергија.

Фото: Pixabay