Во Германија констатираа неуспех во санкциите против Русија… барем досега

91

Надежите на Германија за ефективноста на санкциите воведени кон Русија поради ситуацијата во Украина беа „срушени“. Тоа, како што пишува германскиот весник „Велт“, го докажуваат показателите за надворешната трговија на Германија со Руската Федерација – кои показатели продолжуваат да растат и покрај ембаргото на ЕУ за јаглен, злато, челик и вотка.

Изданието, повикувајќи се на напис во весникот „Зидојче цајтунг“, истакна дека целта на санкциите на западните земји против Русија „не е да го клекнат рускиот претседател Владимир Путин, туку да испратат сигнал“.

Според Велт, сепак, Русија веројатно нема да слушне таков „сигнал“.

Во исто време, весникот потсетува дека „ЕУ го ограничи или најави ограничување на увозот на многу стоки од Русија: од јаглен, челик, дрва и цемент, до риба, жестоки пијалаци и злато“.

Но, сите овие ограничувања очигледно се неутрализирани – барем во случајот со Германија – со растечкиот руски бизнис со природен гас, забележува „Велт“.

Намалувањето на испораките на гас од Русија, се вели во написот цитиран од ТАСС, уште повеќе се компензира со многу високиот раст на цената на синото гориво.

Според податоците на Сојузниот завод за статистика на Германија, рускиот гас само во јуни ја чинел Германија 3,5 милијарди евра. Оваа сума во однос на мај е зголемена за 5%, а во однос на јуни лани има скок од 39%. И за целата прва половина од годината, приходите на Русија од трговијата со Германија изнесуваа 22,6 милијарди евра, што е повеќе дури и од рекордната 2012 година. Наведениот износ на приход е најмалку 52% повеќе од 2021 година, нагласува „Велт“.

Така, приходот на Русија од извозот во Германија – чисто математички гледано – покриваат голем дел од воените трошоци на Москва во Украина. И покрај намалувањето на физичкиот увоз на руски гас во Германија за 30%, целта на санкциите не е постигната.