Во Германија масовно се порачуваат камини и печки на дрва

146

Камините и печките на дрва станаа жешка стока во Германија по почетокот на војната во Украина. Масовно се нарачуваат камини и печки на дрва, а според Централното здружение за санитарии, греење и климатизација, побарувачката за греење на дрва експлодирала по руската инвазија на Украина. Есента е на прагот и Германците се плашат од можен недостиг на гас, а струјата поскапува, па бараат алтернативни извори за греење.

Побарувачката вртоглаво порасна поради високите цени на струјата, испораките доцнат низ Европа поради прекини во синџирите на снабдување, а поради недостигот на суровини што следеше, прашање е колку Германија воопшто може да ги снабдува клиентите.

Во Германија има 2.000 компании кои се занимаваат со производство на печки. Се зголемува интересот за јаглен, огревно дрво и печки, а се создаваат редици пред продавниците на камини и печки на дрва.

Така барем тврди Здружението, пренесуваат медиумите, додавајќи дека за камин или печка може да се чека до една година. Затоа некои купувачи сигурно нема да ја добијат својата печка го почетокот на грејната сезона, дури ни во текот на зимските месеци.

Германците, уште пред војната во Украина, почнаа да прават залихи од јаглен и дрва кога поскапе гасот, плашејќи се дека воопшто нема да има енергенти. Дрва за огрев складираат и оние кои инаку се греат на струја, „за секој случај“.