Во Германија се затвора позната пиварница

Познатата компанија за производство на пиво „Лил“ од Кил, Германија поднесе документи за стечај до германскиот суд.

Сепак, како што пренесуваат медиумите, во следните три месеци пиварницата ќе работи без ограничувања.

Компанијата соопшти дека и покрај големите напори, веќе не се економски исплатливи.

Директорите Макс Кул и Флоријан Сеске објавија дека „иако се боревме со проблемите што се појавија за време на кризата со корона, посткорона периодот се покажа уште потежок“.

Според информациите од пиварницата, таа засега ќе работи без ограничувања. Следните три месеци се обезбедени, а ќе се одржат сите планирани настани.

За тоа време вработените ќе добиваат плата.

Пиварницата не е единствената компанија во Кил која се соочува со финансиски тешкотии. Во последните месеци неколку угостителски објекти во градот мораа да ги затворат вратите.