Во германската автомобилска индустрија се враќа песимизмот

75

Расположението на германските производители и добавувачи на автомобили повторно се влоши бидејќи очекуваат забавување во наредните месеци, според месечното истражување на економскиот институт Ifo.
Показателот за деловните очекувања падна од 21,4 во јануари на 2,8 минатиот месец.

„Производителите сè уште ги обработуваат нарачките, но побарувачката од потенцијалните клиенти забавува“, рече во петокот Оливер Фалк од институтот.

И добавувачите се задоволни од моменталната состојба, но и со нервоза го очекуваат следниот период – показателот падна на минус 9,7 поени во февруари, од 3,9 под нулата минатиот месец.

Секој месец, Ifo испитува илјадници компании од сите сектори на германската економија за своите економски истражувања и прогнози.