Јапонците планираат да отворат хотел во кој персоналот ќе биде целосно составен од роботи.
Хотелот, кој е планирано да започне со работа летово, ќе го носи името Hen-na. Гостите ќе бидат пречекани од портири роботи, на рецепција ќе ги поздравуваат светлечки очи и роботски глас, пишува Japan Times.
Собарките исто така ќе бидат роботи и сите останати работи за кои е задолжен персоналот во еден хотел ќе бидат изведувани од машини.
Гостите нема да користат клуч за да влезат во своите соби, тоа ќе го прават со специјална технологија на препознавање лица. Се што треба да направат е да застанат пред вратата за сензорот да може да ги регистрира и слободно да влезат.
Hen-na, кој на јапонски значи “чудно”, ќе биде најновата градба во тематскиот парк Huis Ten Bosch во Сисабо, Нагасаки.
Ноќевање во хотелот со роботи ќе чини од 60 долари па нагоре.