Во втората половина на следната година треба да профункционира првиот голем venture capital фонд (VC) за стартапи, потврди хрватскиот министер за претприемништво и занаети, Гордан Марас за Јутарњи лист.
Фондот треба да располага со 40 милиони евра. Со Светска банка се разговара за кредит од 20 милиони евра, а дополнителните 20 милиони евра планирано е да се соберат од приватни инвеститори.
Фондот треба да трае најмалку 10 години, со можност за продолжување на две години. Фазата на инвестирање би траела шест години.