Во Хрватска започна најавениот неделен бојкот на малопродажните синџири Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергент за миење садови, сето тоа на повик на платформата Ало, инспектор.
Платформата ги повика потрошувачите да се воздржат од какво било купување во петок и да започнат еднонеделен бојкот на три трговски синџири и три производи еден ден претходно, во четврток. Како што беше споменато, забележано е енормно зголемување на цените за горенаведените артикли. Се очекува бојкотот на малопродажните синџири и производи да трае до среда, 5 февруари, вечерта.
Вработените во продавницата се повикани да го забават темпото за време на протестите, пренесува Хина.
Да потсетиме, минатиот петок, на 24 јануари, беше одржан еднодневен бојкот на продавниците во знак на протест поради високите цени.