Во Италија највисока инфлација во последните 36 години

71

Ваква инфлација Италија нема забележано од јануари 1986 година, кога достигна 8,2 отсто, исто како во јуни. Во мај таа изнесуваше 6,8 отсто, а индексот на потрошувачките цени забележа месечен раст од 1,2 отсто. Енергенсите поскапеа за 42,6 отсто, исто како и во мај, а дури 48,7 отсто во јуни.

Конкретно, цените на нерегулираните извори на енергија како што е горивото се зголемија од 32,9 отсто на 39,9 отсто. Регулираните енергетски производи продолжуваат да бележат раст од 64,3 проценти. Рапидно растат цените и на  храната, услугите за рекреација, културата и личната нега, каде што достигнуваат пораст од 5 отсто, додека услугите поврзани со транспорт се зголемени од шест на 7,2 отсто.

Цените ќе продолжат да растат и во наредните недели како резултат на поскапувањето на бензините, бидејќи бензинските пумпи шпекулираат со ценовниците и бензините поскапеа за 10 отсто од почетокот на украинската криза.

Цените на авионските билети се речиси двојно зголемени во споредба со 2021 година, хотелите во јуни лани поскапеле за 18,1 отсто, а во мај годинава за дополнителни 5,8 отсто.
Најмногу поскапело овошјето – 10 отсто, како и зеленчукот – 11,8 отсто, пренесува РТС.
Слична е состојбата и за целата еврозона, која достигнува рекорди, во јуни годинава е забележана рекордна инфлација од 8,6 отсто.