
Во текот на јануари годинава, вкупната потрошувачка на електрична енергија во државата достигна 775.397 мегават часови.
Покрај електричната енергија, употребени се и 43.679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени деривати.
Според информациите од Државниот завод за статистика, “69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори”, а исто така, “98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја”.