Во која европска земја е најскапа облеката, а во која најевтина?

18

Во текот на минатата година, нивото на цени на производи за широка потрошувачка и услуги, се разликувале меѓу земјите членки на Европската унија, покажуваат податоците на Eurostat.

Данска минатата година ги имала највисоките цени за облека и обувки меѓу сите земји членки на ЕУ, со 29,9 и 31,1% над просекот на ЕУ. Со највисоки цени за облека може да се “пофалат“ и: Швајцарија (25,5% над просекот на ЕУ), Шведска (25% над просекот на Унијата), Исланд (23,4% над просекот)…

Од друга страна, под просекот на ЕУ (индекс 100) се најдоа повеќе земји меѓу кои и нашата: Турција 66,6% поевтини од просекот во ЕУ, Унгарија (27%), Македонија (25,7% поевтини од просекот на ЕУ)…

Поблизу до просекот на ЕУ се земјите од регионот: Хрватска (8,1% поевтини), Србија (6,6%), Албанија (3,8%) Словенија (3,3%) и Грција (3%).