Во Лидл може да се купи и електричен автомобил

260

Lidl има обичај да им нуди автомобили на своите клиенти, а тоа особено важи за германскиот пазар. Електричниот автомобил Elaris Finn сега може да се купи во синџирот супермаркети во Германија.

Автомобилот чини 20.330 евра. Полнењето е бесплатно.

Лидл беше еден од првите супермаркети кои понудија бесплатно полнење за клиентите во Германија, пишува Revija HAK. Тие се покажаа како толку успешни што германскиот ланец беше принуден да ја намали нивната моќност од 50 на 25 kW. Многу возачи полнеле само електрични автомобили и не влегувале ниту во продавниците.

За Elaris Finn

Станува збор за електричен автомобил добиен од кинескиот Zotye Zhima E30. Долг е само 2,87 метри и има две седишта. Електромоторот постигнува 48 КС, што е доволно за 115 km/h. Батеријата има капацитет од 32 kWh, доволно за автономија од 200 километри.

Elaris Finn е опремен со клима уред, темпомат, навигација… Полнењето до 100 проценти трае еден час со полнач DC од 30 kW. Полнењето со класичен штекер трае околу пет часа.