Во Македонија нема фалсификувани лекови

181

lekovi Во Македонија засега не се пронајдени фалсификувани лекови, соопшти денеска директорката на Бирото за лекови, Катерина Алексоска. Директорката додаде дека инспеторите се постојано на терен и засега немаат пронајдено ниеден фалсификуван лек, но доколку дојдат до сознанија за нивно постоење на нашиот пазар, ќе се преземат сите соодветни мерки според законот.
“Постојано се спроведуваат контроли во аптеките и во сите релевантни институции опфатени во овој дел, како на производство, така и на дистрибуција. Земени се над 270 лекови за контрола, сите тие се безбедни, а испитувањата не покажаа дека имаат некој недостаток”, изјави Алексоска на денешната работилница за добра производна пракса на лековите.
Алексоска укажа дека најчесто фалсификувани лекови се вијаграта и цијалисот за зголемување на потенцијата кај мажите, потоа диклофенак како антиревматик, како и ад капки за подигнување на општото здравје.
“Последиците по здравјте на луѓето кои користеле фалсификувани лекови се многу големи. Тоа се лекови кои не содржат активна супстанција и се штетни по здравјте на луѓето”, додаде Алексоска.
На работилницата предавачи освен од Македонија има и од Хрватска, Словенија, Унгарија и Шпанија.