Во Новата година паметно искористете ги социјалните мрежи

22

soc-mediumi

Фото: Pexels

Според статистиката, добро испланираната присутност на социјалните мрежи како Facebook, LinkedIn, Twitter, Pinterest, Instagram е корисна за вашата кариера, помага во наоѓањето работа и градењето на репутација.

Податоците велат дека дури 63% од работодавците ги проверуваат профилите на социјалните мрежи на кандидатот, 73% ги проверуваат кандидатите преку онлајн пребарувачите, а осум проценти од вработените добиле отказ поради злоупотреба на социјалните мрежи.

Во прилог се пет совети кои ќе ви покажат како паметно да ги искористите социјалните мрежи во новата година.

Проверувајте ја редовно состојбата на вашите профили

Размислете за начинот на кој моментално се презентирате. Не е добро да нема нови објави и податоци за вас, тоа истовремено значи дека луѓето не ве познаваат.

Вашите профили треба да бидат доследни

Направете свој профил на LinkedIn, Twitter, Facebook и Google. На пример, Pinterest е одлична платформа за визуелно презентирање на брендови. Потрудете се сите ваши профили да содржат важни информации за вас и вашите вештини и не објавувајте фотографии кои би можеле да ве дискредитираат во професионална смисла.

Направете добра стратегија

Пред да започнете со објавување на постови и фотографии, размислете за стратегијата. Како сакате да изгледаат вашите интернет профили? Што ќе прикажете на нив? Како ќе придонесете на онлајн дискусиите? Но внимавајте, барем 20% од содржината треба да зборува за вашиот приватен живот.

Бидете активни

Не морате баш секој ден да објавувате по нешто, но не е лошо тоа да го правите барем два пати во неделата. Сепак има голем број на луѓе кои секојдневно објавуваат некакви содржини на Facebook и Twitter.

Бидете редовни, пасивно или активно

Доколку не сте сигурни што да напишете, прегледајте ги дискусиите и објавите на другите. За кратко време ќе сфатите како функционира виртуелната комуникација. Започнете да ги постирате натписите кои сте ги прочитале, поставувајте прашања, коментирајте ги… и за брзо време ќе бидете сведок на градење на ваш онлајн бренд.