Паркот Кастиља Ла Манча во шпанскиот град Алкобендас доби пешачки мост изграден преку технологија на 3D печатење, а дело е на Институтот за напредна архитектура на Каталонија со седиште во Барселона.
Tимот од Институтот интензивно соработуваше со архитекти, машински и градежни инженери со цел да му дадат живот на овој инспиративен проект, пишува Inhabitat.
Мостот долг 12 метри е составен од осум делови, печатен е слој по слој од бетон во прав и зацврстен е со термопластичен полипропилен.
Дизајнерите на мостот велат дека во градењето се минимизира количината на отпад, благодарение на програмата што точно ја дефинира количината на потрошен градежен материјал.