На петти ноември во Токио официјално ќе биде отворена Book and Bed Hostel, првата книжарница – хостел во светот, пишува independent.
Љубителите на книгата, покрај уживањето во 1.700-те книги и стрипови на англиски и јапонски јазик, ќе можат во секој момент да прилегнат на креветите доколку при читањето ги фати дремка.
Ова интересно место, кое е опишано како “книжарница што нуди сместување”, ги крие креветите зад полиците со книги, а некои од гостите можат да дојдат до својот кревет само со качување по скала.
Секоја мала кабина (80 на 200 сантиметри), има и светло за читање што овозможува целосно да се препуштите на вашата книга од удобноста на креветот.
Book and Bed Hostel нуди 30 кревети, заедничка бања и бесплатен интернет.
Дел од книгите висат од таванот, а посетителите можат да изберат што сакаат од богатата палета. Цените за едно ноќевање се движат од 30 долари, па нагоре.