Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари

107

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб.

Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

Вчера Бектеши упати предлог до Владата на компании од прехранбената индустрија, меѓу кои и на пекарите, да им се укине повластената струја затоа што тие го прекршиле џентламенскиот договор и не ја намалиле цената.