Водечки економии во централна и источна Европа

54

По 25 години членство во Европската унија, водечките четири централноевропски земји Чешка, Унгарија, Полска и Романија напредуваат повеќе во однос на другите земји.

Овие четири земји покрај експанзијата во последните години успеаја да влезат во коронакризата со поголем економски замав од останатите европски земји.

“Се чини дека овие четири земји сè повеќе се одвојуваат од перформансите на еврозоната, силен раст на приватната потрошувачка поради високиот реален раст на платите, како и силната капитална потрошувачка потпомогната од структурните фондови на ЕУ“, наведува Институтот за меѓународни финансии, пренесува Indikator.

Кога започна пандемијата, се појави страв дека забавувањето во Европа ќе ја повлече економијата назад, но таквите тврдења не се исполниле.

Фото: Freepik