Фото: Pexels
Подготвеноста храбро да се погледне во очи на предизвикот и да се донесе правилната одлука е карактеристика на вистинските водачи. Комуникацијата со луѓето, јасната визија, спремноста, страста за новото… се само делчиња од сложувалката на големата слика.
Зграбете го моментот
Фокусот на вашето внимание е вистинско мерило на она што ве интересира. Присутноста во дадениот момент бара дисциплина, подготовка и емпатија.
Инвестирајте во врските и градете доверба
Врските изградени врз доверба успеваат и во најтешки времиња. Секоја интеракција го полни бунарот на довербата помеѓу две индивидуи. Мудар лидер комуницира во секоја прилика.
Помогнете некому да постигне нешто и да напредува
Успехот на другите е често заслуга на доброто лидерство, вложеното време, енергија и страст.
Слушајте
Секогаш наоѓајте време да слушате, колку повеќе луѓе толку подобро. Лидер кој знае да слуша ретко ја губи лидерската позиција.
Поврзете некого со вашата визија, мисија и приоритети
Секоја организиција понекогаш е во хаос. Јасната визија на лидерот го средува “нередот”, ја враќа довербата и штеди време. Никогаш не пропуштајте прилика да поврзете нечија заслуга со поголема цел.
Заблагодарете се некому
Искажување благодарност е клучна задача на еден успешен лидер. Најмоќниот збор во речникот на еден лидер е токму “благодарам”.
Подгответе се за познатото и проучете го непознатото
Без разлика дали нештото го знаете или ви е сосема непознато, запознаеноста со она што следи е многу битна за понатамошните подвизи.
Подгответе се за важна одлука
Харизмата ве прави интересни, но правилните одлуки ве прават ефективни. Тие произлегуваат од добрата подготовка, добриот тајминг и се доказ за вистинско лидерство.
Созревајте психички, ментално и духовно
Предизвиците на еден лидер се непредвидливи и ви треба сила за да се соочите со нив кога ќе дојдат. Затоа бидете силни денес за тоа што ќе дојде утре.