Volkswagen Golf GTI Edition 50: Најмоќниот сериски GTI досега

GTI Edition 50 е најмоќниот Golf GTI досега со 325 КС, Akrapovič издув и ексклузивен дизај, а моделот пристигнува во 2026

Volkswagen го претстави новиот Golf GTI EDITION 50 за време на 24-часовната трка на Nürburgring, каде професионалниот возач Бенјамин Лојхтер постигна рекордно време од 7:46 минути што претставува најбрзиот круг за сериски Golf досега.

Golf GTI EDITION 50 e специјален модел кој го слави 50-годишниот јубилеј на легендарниот GTI. Со 239 kW (325 КС), ова е најмоќниот сериски Golf GTI во историјата, а производството започнува на крајот од 2025 во Волфсбург.

Со над 2,5 милиони произведени примероци ширум светот, Golf GTI е еден од најуспешните спортски компактни автомобили. Специјалната EDITION 50 верзија ја засилува таа традиција, со ново DCC спортско подвозје, диференцијал со ограничено пролизгување и Bridgestone Potenza Race гуми, сè во насока на максимална агилност и прецизност. Возилото е опремено со титаниумски издувен систем Akrapovič, 19-инчни Warmenau алуминиумски фелни и засилен сопирачки систем.

На Nürburgring, Под хаубата се наоѓа модифициран 2.0 TSI мотор со 325 КС и 420 Nm вртежен момент, во комбинација со седумстепен DSG менувач и погон на предни тркала. Подвозјето е дополнително спуштено за 15 mm, а со опционалниот GTI Performance пакет и до 20 mm. Суспензијата е засилена со потврди пружини и нови еластокинематички поставки за подобра стабилност при агресивно возење.

Спортските карактеристики се дополнети со ексклузивен ентериер: спортски седишта со кариран дезен, велур трим и црвени безбедносни појаси, кожен спортски волан со GTI 50 лого и алуминиумски детали. Дигиталниот кокпит и инфозабавниот систем со специјална графика за EDITION 50 се стандард. Надворешно, GTI 50 логото се наоѓа на спојлерот и страничните ретровизори, а специфични елементи вклучуваат црн покрив, затемнети стакла, специјални прагови и издувни цевки во црна боја.

Golf GTI EDITION 50 ќе биде достапен во пет бои: Pure White, Moonstone Grey, Deep Black Pearl, како и специјалните Tornado Red и Dark Moss Green – бои што се поврзуваат со историјата на GTI моделите.

Преземено од Автоплус.мк