Германски Volkswagen соопшти дека на 28 октомври ќе се повлече од Лондонската берза, поради нискиот обем на трговија со акции. Компанијата од берза ќе ги повлече обичните и привилегираните акции, а барањето за нивно симнување веќе е упатено до финансиските надзорни власти во германскиот град Волсбург, јавува Блумберг.
“Обемот на трговија со нашите акции е премногу низок за да се оправдаат административните напори што ги преземаме”, изјави портпаролот на компанијата, Марко Далан.
Пред неколку години, од истата причина се повлече и од берзата во Токио.
“Тоа е нормален процес”, вели Далан и додава дека VW котира на сите германски берзи, на најважната во Франкфурт, потоа во Базел, Женева и Цирих во Швајцарија, како и во Луксембург и Њујорк.
Volkswagen на Лондонската берза се листа од 1988 година.