Volvo гради фабрика за електрични автомобили во Словачка вредна 1,2 милијарди евра

85

Шведскиот производител на луксузни возила Volvo Cars планира да изгради нова европска фабрика во источна Словачка вредна 1,2 милијарда евра, објави словачкиот министер за економија, Ричард Сулик.
Третата европска фабрика на Volvо ќе биде лоцирана во Кошице, вториот по големина град во Словачка“, изјави министерот за економија Сулик.

“Многу сум задоволен што Словачка успеа на натпреварот за оваа мега инвестиција која ќе донесе развој и многу работни места на истокот на Словачка“, изјави Сулик.

Се очекува фабриката да произведува околу 250.000 електрични автомобили годишно и да отвори околу 3.300 работни места. Се планира изградбата да започне следната година, а производството во 2026 година.

Volvo си постави цел до 2030 година да произведува само електрични автомобили.

Германскиот Volkswagen, францускиот PSA Peugeot Citroen, јужнокорејскиот Kia Motors и британскиот Jaguar Land Rover веќе имаат големи фабрики во Словачка.