Volvo известува за пет отсто пад на продажбата на автомобили

Volvo Cars  објави дека продажбата на автомобили во јануари паднала за пет отсто на годишно ниво, на 50.820 автомобили.

Шведската компанија додаде дека падот најмногу се должи на времето посветено на прославата на кинеската Нова година, објави Ројтерс.

Тоа предизвика пад на акциите на компанијата за 2,61 отсто на денешното тргување на берзите.

Volvo Cars, кој е во мнозинска сопственост на кинеската компанија Geely Holding, рече дека бројот на електрифицирани автомобили, вклучувајќи целосно електрични и plug-in хибридни возила, се зголемил за 17 отсто во споредба со минатата година.

Ова претставувало 44 отсто од вкупната продажба, пренесува Танјуг.

Најпродаван модел на Volvo во јануари беше XC60, со 18.972 продадени примероци, нешто повеќе од пред една година, по што следи XC40/EX40, со вкупно продадени 8.736 возила, што е пад од повеќе од 20 отсто во однос на јануари минатата година.