Volvo – камери и сензори ќе детектираат дали возачот е во состојба да вози

42

Фото: Pixabay

Шведскиот производител на автомобили, Volvo ќе инсталира камери и сензори во автомобилите, најрано до 2020 година, за да алармира доколку возачот е пијан или не е во можност да вози, со цел да се намали бројот на несреќи, пишува Reuters.

Volvo, автомобилски бренд што во 50-тите години од минатиот век го претстави безбедносниот појас со три точки, најавува дека сите нови возила ќе имаат нов лимит на брзина од најмногу 180 километри на час.

Оттаму велат дека камерите и сензорите ќе бидат вградени на сите модели на автомобили што ја имаат SPA2 платформата за поголеми возила, како што се XC90 SUV. На основа на оваа платформа ќе биде дизајниран и автономниот модел на Volvo што треба да биде претставен на почетокот на следната декада.