Ворен Бафет: Колку повеќе давате толку повеќе добивате

31

Ворен Бафет не е само третиот најбогат човек на планетава. Тој зад себе има огромно животно искуство и непроценливи лекции за тоа како треба да го искористиме времетo што ни е дадено.

Неговото животно мото е Колку ќе дадете толку и ќе добиете, а на оние што лутаат барајќи ја смислата на животот им препорачува:

Грижете за другите

Бидете грижливи, помагајте, споделувајте доколку знаете или имате повеќе. Доколку секој доволно се грижи за другиот во една организација, работата ќе тече ефикасно, опуштено, а креативноста ќе биде на високо ниво.

Практикувајте почит

Кога ќе покажете дека ги почитувате луѓето, почитта ќе ви биде возвратена. И најголемите лидери ги почитуваат своите следбеници, со тоа даваат до знаење дека сите луѓе се еднакви и поттикнуваат на меѓусебна соработка.

Верувајте во луѓето

Без меѓусебна верба, не е возвможна ни соработка. Од вербата произлегуваат многу убави нешта. Бидете со отворен ум и срце, верувајте им на луѓето, така тие ќе го дадат најдоброто од себе.

Не плашете се

Кога стравот ќе надвладее ја потиснува креативноста, иновацијата и сето позитивно што може да се случи. Затоа не плашете се и бидете доволно храбри да и погледнете на опасноста во очи.